Кривични пријави за Лидија Димова, Зоран Златковски и уште две лица поднесе Финансиската полиција

Финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против:

Л. Д. (Лидија Димова) во својство на  директор на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност;

З. З. (Зоран Златковски) во својство на  управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје;

А. Г., во својство на   надворешен соработник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност;

А. П. во својство на  благајник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 вв став 1 и став 3 вв со член 45 од Кривичниот законик и кривично дело измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а став 1 вв со член  22  од Кривичениот законик, кривично дело соизвршителство од член 22 од Кривичен законик, и кривично дело несовесно работење во служба од член 353-в став 1 од Кривичениот Законик“, се вели во образложението на Финансиската полиција, при што додаваат:

„Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје,  А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари“.