![mvr1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/04/mvr1.jpg?resize=670%2C447&ssl=1)
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(36) од Струмица, Е.В.А.(29) од Р. Бугарија и Т.С.(38) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.
Пријавените при крајот на месец ноември 2013 година поттикнале и организирале патување на три државјани на Република Македонија во Република Германија каде со цел стекнување на социјални и економски права побарале азил спротивно на прописите на државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор.
Со извршување на кривичното дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 46.125 денари.