Кривични за две лица кои продавале амфетамин на музичка манифестација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(38) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, против Ј.Ј.(29) од Кратово и Д.В.(20) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 23/24.08.2024 во куќа на неговиот татко во Пробиштип, првопријавениот на второ и третопријавените и на други лица им овозможил да користат амфетамин.

Воедно, првопријавениот, на второ и третопријавените им продал амфетамин за да го продадат за време на одржување на музичка манифестација во Пробиштип, а при преглед над него бил пронајден и одземен амфетамин. Додека, при претрес во куќата биле пронајдени и одземени дигитална вага, пари и други предмети.