Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишниот Д.Н. од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и против неговите сограѓани 35-годишниот М.И. кој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено снимање“ и против 37-годишниот С.Т. поради сомнение за кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
Како што информираат од МВР, на 9 април годинава во Гостивар, првопријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал работни задачи, второпријавениот снимал со својот телефон, а третопријавениот со агресивно однесување ги спречувал останатите полициски службеници при извршување на нивните службени задачи.