Кривична за кочанчанка која затајувала данок

Четириесетгодишната Ж.П. од Кочани доби кривична пријава поради сомнение дека затајувала данок.

Имено, пријавената била управител на правно лице ДСТУ„ПЕТРОВ ХИТ“ ДООЕЛ Кочани и ДСТУ „ПЕТРОВ ХИТ“ ДООЕЛ Кочани.

Таа во периодот од 01.01.2014 до 31.12.2014 година како управител на второпријавеното правно лице ДСТУ„ПЕТРОВ ХИТ“ ДООЕЛ Кочани со намера  да одбегне делумно плаќање на персонален данок и данок на додадена вредност давала лажни податоци за приходите на даночниот обврзник „ПЕТРОВ ХИТ“ ДООЕЛ Кочани со што го оштетила Буџетот на Република Македонија за 192.619 денари.