Кривична пријава е поднесена против кумановците Д.П. (40), И.С. (27) и Б.Д. (27), кои се товарат дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.
Ноќта помеѓу вторникот и средата околу 03.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје во близина на село Прдејци, од страна на полициски службеници било забележано како во патничко возило „крајслер“ , управувано од Д.П., влегуваат мигранти.
Во 03.45 часот било сопрено и патничко возило „ауди“ во кое биле останатите пријавени.
Од преземени мерки е утврдено дека во организација на И.С., со возилото на Д.П. се превезувале мигранти, а додека останатите пријавени со другото возило му биле претходница.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор од по осум дена.