СВР скопје поднесе кривична пријава за запуштање и малтретирање на малолетно лице за мајката на претепаното 14 месечно бебе кое пред помалку од еден месец беше примено на карил со тешки повреди на мозокот, скршеница на черепот и на нозете- дознава тв 24.
Пријавената во периодот од 15 јуни до 6 јули во повеќе наврати на локации каде што престојувала го оставала без надзор и грижа своето едногодишно дете М. Д. и тоа се здобило со тешки телесни повреди- велат од МВР.
Кривичната пријава е поднесена до јавното обвинителство и деновиве ќе се знае како ќе се постапува понатаму. Бебето минатата недела ја преживеа операцијата на мозок откако докторите не можеа да го сопрат крвавењето во мозокот. Сега е во добра здравствена состојба, а за него се грижи старател кој го назначија социјалните служби. Мајката и роднините имаат забрана за контакт со бебето.