кторот (оштетениот) се појавил во ходникот каде што бил приметен од страна на И.Н. кој му се обратил и побарал да разговара со него, по што заедно се упатиле во лекарската соба. Во истиот момент пристигнал и второпријавениот кој заедно со нив влегол во лекарската соба. Внатре без никакво предупредување, И.Н. од палтото го извадил пиштолот и испукал неколку проектили во правец кон оштетениот, од кои со три проектили бил погоден во левата нога. По ова, И.Н. и А.К.Н. излегле во ходникот и почнале да викаат и да им се закануваат на присутниот медицински персонал, дека ќе пукаат и кон нив и во еден момент второпријавениот од пултот земал работен стол–фотелја и истата ја фрлил најпрвин во стаклената врата која водела кон влезот на лекарската заедничка просторија, а потоа ја фрлил и кон стаклената врата од влезот према одделението за дигестивна хирургија, по што и двајцата се дале во бегство.
Од страна на полициски службеници од ЕПОИ-АЛФА како и од страна на полициски службеници од ПСОН „Центар“ пријавените биле забележани во КЦ „Мајка Тереза“ по што истите се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
На местото на настанот, извршен е увид, од страна на увидна екипа при СВР – Скопје, а во присуство на дежурен јавен обвинител. Од местото на настанот биле подигнати траги и предмети, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени и предадени за анализа.
Во просториите на ПСОН „Кисела Вода“ бил извршен разговор со И.Н. и А.К.Н. во кој во целост го појаснија начинот на извршувањето на горенаведените кривични дела. Инаку, второпријавениот е познат сторител на кривични дела и во претходниот период против истиот е поднесена една кривична пријава за извршени две кривични дела „тешка кражба“.