![potvrdi-mvr-baranje-azil-migranti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/potvrdi-mvr-baranje-azil-migranti.jpg?resize=540%2C310&ssl=1)
Кривична пријава е поднесена против гостиварците Б.С. (37) и Р.Ј. (38),поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Во вторникот на регионалниот пат Овче Поле-Свети Николе пред влезот во Свети Николе од страна на полициски службеници била извршена контрола на патничко возило „шкода фелиција“, управувано од Б.С., при што во возилото биле затекнати четири марокански државјани.
Второпријавениот, пак, управувал патничко возило „цитроен“ за кое е утврдено дека било претходница на првопријавениот и му помогало во извршување на кривичното дело.