Кривична за фалсификатори од Струмица

Кривична за фалсификатори од Струмица

Полицијата поднесе кривична за фалсификатори од Струмица -станува збор за триесет и петгодишниот А.У. , четириесет и петгодишниот Н.Ј. од Струмица и четириесет и четиригодишниот Ѓ.Д. од струмичко Градашорци.

Кривична добија и правните лица ДТУ „Ортак-Трејд“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, ДТПУ „Нова текстил ЏС“ ДООЕЛ, ДТУ „Кидс-Клуб“ ДООЕЛ и ДПТУ „Абис-Трејд“ ДОО увоз-извоз Скопје сите со седиште во Скопје исто така поради сомнение дека фалсификувале исправа.

По одземена текстилна стока на 20.мај оваа година од страна на СВР Струмица од А.У. кој не поседувал соодветна документација со која не можел да го докаже потеклото на истата, истиот ден пријавените до СВР Струмица доставиле фактури по фиктивни испратници со печати од нивните фирми,  а од извршените проверки  утврдено е дека испратниците не се евидентирани во книговотствената евиденција и не соодвејствуваат со количината на текстилната стока која е наведена во истите со одземената стока.