СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
-Пријавените на 6-ти ноември минатата година околу 18:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот, по што тој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, информираат од полицијата.
Подоцна, 16-годишникот со неговата мајка се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот.