Кривична за охриѓанец кој сакал да силува девојче

Полицијата го пронајде охриѓанецот, кој се обидел да силува девојче пред влез од зграда, пред десет дена во Охрид, информираше МВР.

Станува збор за Н.Т.(33), против кого СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава. Тој се товари за силување во обид.

Тој кривичното дело го направил на втори овој месец околу 1 часот на улица Славеј Планина. Насилникот следел 16 годишна девојка и пред нејзиниот влез силно ја повлекол кон себе. Таа почнала да вика при што дошол еден од соседите и Н.Т. го напуштил местото на настанот.