
Охриѓанка подолг период го заклучувала во семејната куќа и го вознемирувала со закани својот 34 годишен син, поради што овој често морал да бара лекарска помош, а СВР Охрид ѝ поднесе кривична пријава за кривичното дело „загрозување на сигурноста“.
Според охрдиската полиција 56-годишната Ф.Ѓ. во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син 34-годишниот В.Ѓ.
Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност, со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови.
Поради тоа, на синот значително му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош во Општа болница Охрид.