Полицијата поднесе кривични пријави против девет лица, поради сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“. Се работи за лицата Б.М.(36) од Ресен, Х.И.(35) од Скопје Ж.М.(47) од Охрид, П.С.(31) од Охрид, К.С.(37) од Охрид , М.К(39) од Охрид, А.Н(39) од Ресен, Н.К(36) од Ресен и О.Д(41) од Ресен, кои на 1 август годинава учествувале во масовна тепачка во кафе бар во Ресен.
Имено, на 1 август, околу 22 часот во кафе бар во Ресен, дел од пријавените со други лица седеле на една од масите во локалот, а на соседната маса во еден момент седнале останатите пријавени.
По кратко време помеѓу пријавените настанала кратка вербална расправија, а потоа започнала и физичка пресметка , при што настанал општ неред и тепачка со фрлање на делови од инвентар и шишиња. Притоа дел од пријавените се здобиле со телесни повреди.
Со дејствието се предизвикало чувство на несигурност и страв и загрозеност кај многумина присутни гости во локалот, кои го напуштиле истиот оставајќи лични предмети и неплатени сметки за добиените услуги.