Кривична пријава е поднесена против вработена во Пошти. С.С.(48) од Македонска Каменица се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и кривично дело „фалсификување службена исправа“.
Пријавената како службено лице-шалтерски работник овластена да врши уплати и исплати од сметки во АД „Македонски пошти“ подружница Кочани, со намера да се стекне со противправна имотна корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување во 15 наврати во периодот од 01.01.2014 година до 12.11.2015 година, неовластено навлегла во трансакциската сметка на Д.С. од село Саса, Македонска Каменица и противправно присвоила 17.200денари.