Кривични за две лица кои извршиле 21 кражба

Според МВР, Б.В. и М.Ј. ги извршиле кражбите во период од средината на ноември до крајот на декември минатата година на подрачјето на град Скопје, претежно во попладневните часови, во вкупно 21 објект од кои пет куќи и 16 станови на подрачјето на Аеродром, Центар, Карпош и Ѓорче Петров. Откако ќе се увереле дека нема да бидат забележани од никого, Б.В. со употреба на физичка сила и погоден предмет (шрафцигер) ги отворал балконските врати или прозори по што влегувал внатре, извршувал претурање и пребарување, одземал пари и златен накит и го напуштал местото на настанот заедно со М.Ј. кој надвор чувал стража.

Одземените предмети Б.В. ги продавал во неколку златари лоцирани во Старата скопска чаршија, а паричните средства заедно со М.Ј. ги трошеле за свои потреби.

По преземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, пријавените се лишени од слобода исо нив е извршен разговор во кој целосно го појасниле начинот на кој ги извршувале кривичните дела.