Кривични за три лица од струшко – незаконски приредувале игри на среќа

Три лица од струшко заработија кривични пријави. Полицијата се сомнева дека пријавените без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган приредувале игри на среќа.

Кривична пријава е поднесена против И.К. ( 33) од Скопје,  Е.Б. (30) од струшкото село Велешта и И.А. (27) од струшкото село Корошишта.

И.К. и Е.Б. во текот на септември оваа година во два објекти во селото Велешта, организирале и приредувале игри на среќа во форма на спортска кладилница без издадена лиценца, односно дозвола од надлежниот орган. Во истиот период, пријавениот И.А. тоа го направил во објект во селото Корошишта сопственост на неговиот татко.

На 30-ти септември годинава, полициски службеници од криминалистичката полиција од Струга заедно со даночен инспектор од УЈП, извршиле контрола во сите објекти. Притоа тие  утврдиле дека пријавените немаат дозвола од надлежен орган за таква активност односно дека приредувале игри на среќа без лиценца.