Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје во четвртокот ги потврди во целост решенијата на судија на претходна постапка, со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и мерка куќен притвор за Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска.
„Постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка за определување мерка притвор и мерка куќен притвор, а по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое решенијата на судија на претходна постапка со кои беше прифатен предлогот на надлежното обвинителство за определување мерка притвор за К.М. и Љ.А. како и мерка куќен притвор за Ј.Т и Ж.П. ги потврди во целост“, соопштија од Кривичниот суд.
Во однос на жалбата против решението на судија на претходна постапка за Сашо Василевски по донесено решение на советот, од Судот велат дека јавноста ќе биде дополнително информирана, а во однос на решението на претходна постапка за Љупчо Димовски не е изјавена жалба од странките.