Веста дека почина Митрополитот црногорско приморски Амфилохије, погоди многумина низ целиот регион, а по тој повод се огласи и мандатот за состав на црногорската влада, Здравко Кривокапиќ.
„Ја добив веста за смртта на нашиот митрополит Амфилохије. Иако ние како луѓе сме тажни, убеден сум дека Црквата денес прими светец! Молете се, епископ, во небесното Царство за вашата Црна Гора”, напиша Кривокапиќ на Твитер.
Тој ја повика техничката Влада на Црна Гора да прогласи Ден на жалост.
„Црна Гора жали и ќе жали и без тоа, но ваша цивилизациска обврска е да го испочитувате заминувањето на еден од најголемите од нас во овој век“, порача тој.
Претходно, кога е пренесена веста дека здравствената состојба на митрополитот е влошена, мандатарот се огласи пишувајќи „Тој никогаш не не остави во ниту една борба, ни ние него не смееме да го оставиме во оваа“
Инаку, на Амфилохије на 6-ти октомври му е дијагностициран коронавирус, а истиот ден и беше примен во КЦЦГ.
Неговата здравствена состојба во меѓувреме се поправила, а на 20 октомври направените тестови покажале дека е негативен на коронавирус. Вчера, ситуацијата нагло му се влошила и било приметено отежнато дишење.