Кривопаланчанец загина при ископ на канализација

канализација

Имено 38 годишниот Ј.С. од Крива Паланка при ископ на канализација на улицата „Димитар Влахов“ паднал и бил затрупан со земја.

Од повредите Ј.С. починал на лице место.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.