СИНДИКАТОТ НА УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ – СУТКОЗ кој е единствен репрезентативен претставник на работниците во секторите угостителство и туризам навремено уште на самиот почеток на здравствената криза предупредуваше дека ваквата состојба ќе помине, и им укажуваше на работодавачите дека работниците во наредниот период нема да им простат на оние газди кои ќе ја злоупотребат ситуацијата за нивната себичност, не им исплаќаа плати или им исплаќаа спротивно на Закон и колективен договор, се дрзнаа да не исплатат регрес за годишен одмор, ги отпуштаа незаконски од работа па за тоа беа и казнувани.
Ситуацијата е уште подраматична во угостителскиот сектор, кој го доживеа најголемиот удар за време на пандемијата. На компаниите од угостителството и туризмот им недостигаат 50 проценти од потребниот кадар, пред сѐ келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета која била спроведена од една од коморите.
Од почетокот на кризата некои податоци говорат дека од 4 илјади до 20 илјади вработени го напуштиле овој угостителскиот сектор.
СУТКОЗ алармираше дека мора да се почитуваат и ценат работниците за да не се случи тоа на што перидов сме сведоци како работодавачите од овие сектори бараат работници и се жалат, па им порачуваме на тие газди сами да си работат или да им се извинат на работниците, да ги вратат и платат согласно работното место кое го работат со коефициентите за плата пропишани во Колективниот договор за угостителство и туризам, за да се спаси туристичката сезона.
Работниците кои работат во овие сектори ги охрабруваме, прекршувањата на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ преку мобилната апликација ССМ – мои работнички права, бесплатниот телефонски број 070 818 878, или по меил на [email protected] за да можеме навремено да интервенираме.
Сојуз на синдикатите на Македонија