Кризниот штаб од Кичево побара одложување на почетокот на учебната година и настава од далечина

Следејќи ја внимателно актуелната состојба со коронавирусот во градот Кичево и општината, Кризниот штаб одржа состанок и ги разгледа барањата на Советот на родители од основните и средните училишта.

По разгледувањето на нивните барања, одлучивме да се обратиме до Комисијата за заразни болести, со барање за одложување на почетокот на новата учебна година или одржување на настава од далечина во одредено време, напиша на својот фејсбук профил претседателот на Кризниот штаб и градоначалник Фатмир Дехари и посочи дека се чека одговорот од надлежните органи, со надеж дека ова барање да биде прифатено и на тој начин ќе се ублажи ширењето на вирусот кај жителите на Кичево.

-По добивањето на одговорот од Комисијата за заразни болести ќе бидете навремено известени за почетокот на учебната година, порача првиот човек на локалната администрација…