Крокодил е синтетичка дрога која со децении ја користат Русите од сиромашните краишта иако знаат дека смртта ги демне со секое вбризгување на опасната мешавина.
Од Русија, оваа дрога, од која паѓа месото и се создаваат болни рани, се прошири во Мексико, Америка, а според српските медиуми се среќава и низ Балканот.
Крокодил е спој на застрашувачки состојки и неверојатна моќ која служи како ефтина замена на хероинот. Според експертите има десет пати појако дејство од морфиумот и кодеинот.
Кодеин е релативно достапен во форма на таблети и е една од состојките на оваа дрога која ги јаде зависниците на страшен начин и ги убива само две години користење.
Вообичаено, крокодилот содржи бензин, разредувач, хлороводородна киселина, јод и црвен фосфор, кој може да се најде во ќибритите.
„Крокодилот е десет пати посилен од морфиумот и хероинот, и предизвикува силно чувство на еуфорија, додека полека, но сигурно убива со „јадење“ на ткивата и уништување на крвните клетки“, пишува „Форбс“.
Поради тоа оваа дрога го добила името крокодил, бидејќи местото каде што се вбризгува дрогата во телото остава рани кои личат на крокодилска кожа, а по подолга употреба месото паѓа од коските. Во Швајцарија се нарекува и дрога која ги јаде наркоманите.
„Форбс“ се обидува да открие зошто и покрај сите опасности, наркоманите ја користат оваа дрога која им гарантира смрт.
„Не ми е гајле, и така ќе умрам наскоро“, вели еден маж во документарецот „Крокодилски созли“.
„Ми паднаа забите. Ме боли црниот дроб. Поради дрогата не ми работат нервита. Ми се врти. Ова за мене не е дрога, ова е начин на живот од кој нема враќање, раскажува девојка која долго време е зависник од крокодил.
Животот на сиромашните Руси кои секојдневно умираат од оваа дрога го документирал италијанскиот фотограф Емануел Сатоли кој поминал една година во Русија. Неговите фотографии беа објавени на „Тајм“.