Крос ќе го пропушти квалификацискиот дуел со Македонија

Играчот од средниот ред на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид Тони Крос ги напушти во вторникот подготовките на германската репрезентација поради повредат на адукторот, што значи дека ќе ги пропушти квалификациските натпревари за Светското првенство 2022, со Македонија, Исланд и Романија.

Германската фудбалска федерација објави на своите официјални страници на социјалните мрежи дека Крос дошол на подготовките со повреда и дека веднаш се враќа во Шпанија.

Македонската селекција квалификацискиот дуел со Германија ќе го одигра на 31-ви март, откако претходно на 25-ти ќе ѝ гостува на Романија, а на 28-ми ќе се сретне со репрезентацијата на Лихтенштајн.

Крос го напушти теренот во 71 минута од натпреварот од шпанското првенство против Селта Виго во кој Реал славеше со 3:1, а Германецот двапати му асистираше за погодок на Карим Бензема.

Истовремено во вторникот Реал објави дека се надева оти Крос ќе закрепне од повредата пред четврфиналниот деул од Лигата на шампионите во кој на 6-ти април се соочува со Ливепрул, како и пред „Ел Класико“ против Барселона на 10-тио април.