Крос нема добиено понуда од Манчестер Јунајтед

Волкер Штрут, агентот на стандардниот првотимец во дресот на Баерн (М), Тони Крос, експресно ја демантираше пласираната информација дека неговиот клиент добил официјална понуда од раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед и во истата му била понудена рекордна неделна плата од 260 илјади фунти.

„До овој момент, никој нема добиено официјална понуда од Манчестер Јунајтед. Јас не сум контактиран, мојот клиент не е контактиран, а знам и дека таква понуда немаат добиено ниту раководните лица на Баерн (М). Нема потреба од никаква понуда, мојот клиент сака да остане во Минхен до крајот на актуелниот договор кој му завршува на крајот од следната сезона”, изјави Штрут.