Крос објави престанок на репрезентативната кариера

Германската фудбалска ѕвезда Тони Крос во петокот објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на својата земја.

Крос, кој настапува за Реал Мадрид, вели дека сега ќе има повеќе време за семејството. Германија беше елиминирана во осминафиналето од Европското првенство од Англија со 0:2.

„Одлуката е конечна. Одлуката е за доброто и моето семејство и за мене. Сега ќе можа да минувам повеќе време со своето семејство и да бидам крај нив како сопруг и татко“, рече дека 31-годишниот Германец.

Крос за репрезентацијата одигра 106 натпревари и со неа 2014 година стана светски првак. Играше на три светски првенства во Бразил 2014, во Јужна Африка во 2010 и во Русија во 2018 година. Трипати настапуваше и на Евопските првенства.