Илјадници граѓани од сите делови на Скопје се упатуваат кон Собранието на големиот народен собир во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
„Кршете пак ќе изградиме“ и „Историјата не се брише со сквернавење на спомениците“, се само дел од транспарентите на граѓаните.
Покрај транспаренти, реките од народ веат македонски знамиња и пеат патриотски песни.