Владата на СДСМ расипнички се однесува со парите на граѓаните ги троши народните пари на луксуз, а пари за покачување на пензии нема, но има за лешници, пари за покачување на просечната плата нема, но има за морски плодови, пари за зголемени пензии од 5 отсто нема, но има за саксиски цвеќиња, вели Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пари за луксуз има, но не и за потребите на граѓаните. Шекеринска без грам совест и срам ќе потроши 5000 евра од парите на граѓаните за набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана. Шекеринска ќе потроши 5000 евра на апетисани, а Владата со буџетскиот ребаланс скрати неверојатни 1.5 милијарди денари од буџетот за образование“, рече Крстевски.
Истакна дека Владата на СДСМ скуси 1,5 милијарди од образовни мерки и проекти, за да ослободи пари за луксузирање и набавка на скапи јадења, кои ќе се најдат на трпезите во Владата и министерствата.
„Лицемерието на СДС е бескрајно, пред само еден месец Владата изврши набавка во висина од 400.000 денари за октоподи и други морски плодови, пред недела дена Димитров објави оглас во висина од 5.000 евра за набавка на цвеќиња за министерството за надворешни работи, денеска гледаме како Шекеринска врши набавка на апетисани. Набавка по набавка Владата троши големи суми народни пари за лична комоција и луксуз, а го крати секој можен денар од развојните проекти почнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните гледаат дека СДС се крајно лицемерни и никогаш не работеле за нивно добро. Младите беа лажени од страна на Заев, Шекеринска, Десковска и Богоев дека тие ќе бидат на прво место и дека ќе инвестираат во подобрување на образовната инфраструктура. Сега можат да видат дека додека се кратат пари за изградба на студентски домови се набавуваат скапи јадења за трпезите на Заев и неговата екипа“, додаде Крстевски.
Рече дека СДСМ излажале од сето она што им го ветиле на младите и оти во првите три месеца од владеењетп скратиле од развојните стапки во буџетот, а одвојуваат пари за скапи јадења и луксузирања. Но, посочи Крстевски, граѓаните ќе го казнат СДСМ за ваквото расипничкото трошење на нивните пари на претстојните локални избори на 15-ти октомври.