Крстичевиќ: Хрватската војска е подготвена да и помогне на полицијата на границите

Хрватската војска е подготвена да и помогне на полицијата во заштита на хрватските граници, изјави министерот за одбрана, Дамир Крстичевиќ по најава за нов мигрантски бран и критична ситуација на грчко-турската граница.

Крстичевиќ истакна дека му наредил на началникот на Генералштабот да се подготват сите потребни планови и додаде дека армијата има оперативни планови за помош на полицијата во заштита на границите.

Во коментар за оценката на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ дека процедурата за постапување со мигрантите на граница не е дефинирана, Крстичевиќ истакна дека ќе биде коригирана.