Крстот во Аеродром трет по големина во светот

Крстот во општина Аеродром е трет најголем во светот. Висок е 51 метар, широк 4 метри, краците му се простираат на 34 метри, а тежи 88 тона.

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, најави дека овој крст ќе биде трет по висина во светот, по Милениумскиот крст на Водно, кој е втор по ви­си­на, но прв во светот изграден на највисока надморска висина.

На неколку дена пред Велигден, крстот во скопската населба Аеродром е скоро готов.