Претседателската кампања во САД се разгорува, а на последната демократска дебата, која ја организираше Си-Ен-Ен, се појави и богаташот Том Стејер.
Освен што на голем број гласачи неговата одлука воопшто да се кандидира за иден претседател на Америка им е чудна затоа што не го краси голема популарност ниту конкретна политика, сега уште еден детаљ падна во очи.
Камерите снимиле мистериозни симболи на неговата лева рака.
Станува збор за група крстови нацртани со молив. Во секој квадрат имало уште по еден помал крст што потсетува на симболот на ерусалимскиот крст од 13. век.
Не е првпат сопственикот на инвестиционен фонд да биде виден во јавност со овој знак. Го цртал изминативе две години, но сега за тоа зборува цела Америка.
Ерусалимскиот крст настанал после крстоносните војни на земјата во која во тоа време биле население муслимани. Не постои точно дефинирано значење на овој симбол. а експертите негодуваат што би можело да преставува. Поедини теоретичари тврдат дека го симболизира Христос и четирите апосоли, Исусовите рани или четирите страни на светот.
„Крстот ја симболизира вистината која мораме да ја кажеме по секоја цена. Го цртам веќе две години за секојдневно да ме потсетува да ја кажувам вистината. Подоцна открив дека станува збор за ерусалимски крст“, рекол тој.
Инаку Стејер е долгогодишен спонзор на Демократската странка. За време на актуелната кампања изјавил дека на 30. години го спознал Бога.
Се на се, тој не е меѓу фаворитите за номинација на Демократската странка за претседател на САД