Крвава драма во близина на Општина Бутел: Со остар предмет си го повредил братот

Љ.Т.(52) од Скопје, денеска бил лишен од слобода бидејќи во 07.52 часот во непосредна близина на општина Бутел, со остар предмет го повредил неговиот брат А.Т.(53) од Скопје, вработен во општината, кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош.

По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.