Најмалку 14 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, пишува Fox News.
Од полицијата на прес-конференцијата потврдија дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни.
-Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека камерите снимиле најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата на бдеење, пренесе американскиот медиум.
Нападот траел само неколку секунди, а пукачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот се уште е нејасен.
Настраданите се пренесени во неколку болници, засега нема информации за смртниот исход. Браун рече дека некои луѓе се во критична состојба.