Двајца ученици од едно руско училиште во градот Перм се скарале и еден на друг тргнале со ножеви.
Бројот на повредени во тепачката со ножеви во средното училиште се искачи на 15, од кои 12 се хоспитализирани.
Како што се наведува тие почнале кавга, а продолжиле со ладно оружје, додека останатите ученици и учителката се обидувале да ги смират и така настрадале. До кавгата дошло за време на час, наведе РИА новости.
Истрагата е во тек.
Од училиштето евакуирани се 700 ученици, а наставата е прекината. Учениците се на вораст од 16 и 17 години.