Крвава тепачка се случила во амбулантното одделение во скопскиот затвор „Идризвово“, вчера околу пладне, соопшти полицијата.
На 16 јануари во околу 12,15 часот во Казнено поправна установа – Затвор „Идризово“, во амбулантното одделение, настанала тепачка помеѓу затворениците М.З. (36) и Д.Р. (42). Во тепачката на Д.Р. му се нанесени тешки телесни повреди констатирани на Клиника за максилофасцијална хирургија, каде што е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.