Крвави пресметки на нарко бандите во Марсеј

Во Марсеј и околината, на југот од Франција, пет лица се убиени од почетокот на годинава, од кои три изминатиот викенд, во неколку вооружени пресметки најверојатно поврзани со криумчари на дроги.

Ноќта кон неделата, триесетина километри од Марсеј, иследниците на правосудната полиција откриле уште две тела. Жртвите биле застрелани а потоа изгорени. Едната од нив е идентификувана и нејзиното име се појавува во датотеката за криминалните банди поврзани со шверцување на дроги, коишто се борат за превласт над трговијата со дрога во регионот.

Врз основа на овој податокот државното обвинителство овие две убиства ги карактеризира како можна вооружена пресметка. Претходно во петокот вечерта два куршума се истрелани во главата на триесетгодишник, на истокот од Марсеј. Во јануари се случија уште две убиства, а едно било крвава пресметка од „калашникови“ Третото, во коешто е убиен седумнаесетгодишник, не е засега карактеризирано како вооружена пресметка.

Ваквата серија смртоносни пресметки започна на самиот крај од 2017 година, со две жртви меѓу католички Божик и Нова година, го наруши релативното примирје кое ја одбележа минатата година со 14 загинати во пресметките, според податоците на полицијата, додека претходната 2016 година ги имало 29 убиства, поради што оваа година е означена како „црна“. По низата релативни полициски успеси и спречување на 12 вооружени пресметки во 2016-та, две минатата 2017-та, „оправдан е страв од натамошни промени во криминалното милје во Марсеј“, изјавил полициски извор