Крвави војни во светот секојдневно земаат животи

На мапата на светот повеќе региони се жаришта на воени конфликти.  Крвави настани секојдневно земаат бројни човечки животи. Мапата на воени жаришта во светот, покрај оние на Блискиот Исток и некои делови на Африка, како и нарко војната во Мексико, кои веќе долги години континуирано генерираат нови конфликти, сега има уште еден нов конфликтен регион-Украина.

После протестите во Украина во 2013 година откако претседателот Јанукович почна да се оттргнува од прегратките на Европската Унија и се приклони кон Русија. Дел од Украинците излегоа на улиците за да го поддржат продолжувањето на врските со ЕУ. Еуромејден, стана назив кој ги опишуваше бранот на демонстрации и цивилен немир во Украина, што еволуираше до точка на оставка на Јанукович и неговата влада. Насилството ескалираше на 16 јануари 2014 година кога владата ги усвои законите познати како Анти-протести закони. Анти владините демонстрации окупираа згради во центарот на Киев, вклучувајќи ја и зградата на Министерството за правда. Немирите оставија 98 жртви зад себе и 15000 повредени, а околу 100 исчесзнати од 18-20 фебруари. Со насилни протести, членовите на парламентот прогласија неспособност на претседателот да ги спроведува уставот и да воспостави услови за избори во украина. Резултатите од изборите одржани во Украина на 25 мај годинава, на кои за претседател беше избран Петро Порошенко кој ја поддржува про-европската платформа.

На 06 март оваа година Парламентот на Крим изгласа да се припои кон Руската Федерација.Ова уследи откако руската војска навлезе на територијата на Крим на 28-ми февруари и ги вознемири духовите на овој полустров кој беше во состав на Украина.

Крвави немири секојдневно земаат човечки животи во областитие на градовите Луганск и Доњецк на источниот и југоисточниот дел од територијата на Украина, каде што се водат битки меѓу проруските сепаратисти и украинската војска. Доњецк и Луганск прогласија автономија и превземаа контрола на голем дел од територијата на Украина каде сеуште се водат крвави и жестоки конфликти секојдневно.

0_main

Блискиот Исток  веќе долги години е територија на која непрестајно се раѓаат нови жаришта, а конфликтите се прелеваат од еден во друг регион однесувајќи огромни човечки жртви. Ирак е повторно во хаос. Конфликтите секојдневно се прошируваат и разгоруваат. Земјите од регионот , заедно со САД и разни актери „не-држави“, сите со свое учество во создавањето на овој момент, како парите, војниците, оружјето и желбата да се контролира Блискиот Исток продуцираа екстремно насилна ситуација на континуиран терор.

Најсериозни во оваа ситуација се обидите на Исламската Држава на Ирак и Сирија, позната како Исламска држава на Ирак и Левант, која се обидува да етаблира сопствена држава во рамките на тој регион. Деновиве тие успеаа да заземат неколку важни градови на оваа територија. Оваа организација на поранешните соработници на Ал Каеда буквално се борат со секој друг актер во Сирија.

talibanci

Актуелните жаришта се проследени со големи стратешки судири околу интересите на моќните нации кои учествуваат во скоро сите од актуелните конфликти, и воено и политички.

Голем дел од конфликтите кои се актелни се внатрешни конфликти кои со години не доаѓаат до решение и покрај учеството и заложбите на меѓународната заедница.

Овие конфликти често се предизвикани од прашањата за идентитетот, етничка припадност, религија и конкуренција за ресурси, особено нафта и минерални богатства, стои во прегледот на „Амнести Интернешенал“.

Во Авганистан, ескалацијата на конфликтот резултираше со смрт или повреди на илјадници цивили. За воени злосторства се извршени од страна на сите страни во конфликтот, вклучувајќи ги и меѓународните и авганистанските сили за безбедност, и Талибанците.

Според податоците објавени на најголемата интернет енциклопедиа „Википедиа“ бројот на жрти во отворените конфликти е ваков: Војната во Авганистан од почетоко во 1978 година однела вкупно помеѓу еден ипол и два милиниони жртви, а во последната 2014 година загинале 138 лица, Војната во Сомалија од нејзиниот почеток во 1991 година досега предизвикла вкупно половина милион жртви, а во последната година 854 жртви, војната во Нигерија отпочната во 2001 година досега вкупно земала 10700 животи, а последната година 2081. Понатаму отворените кризни региони во кои се водат оружени конфликти како што е Војната во Пакистан која од нејзиниот почеток во 2004 година досега предизвикала смрт на 52000 лица, а во последнат година 1478, Мексиканската нарко војна која се води од 2006 до денес земала данок од 150.000 човечки животи, кризата во Египет која се отвори во 2011 година понесе 4300 животи, граѓанската војна во Сирија од 2011 година досега зема страшно бројка од 162411 животи за само три години од кои за само една година, во 2014 загинале 28680 лица, Конфликтите во Ирак кои започнаа во истиот период како и граѓанската војна во Сирија досега однеле 18571 живот, а само во последната година 4050 луѓе го загубиле својот живот.

Последниот отворен конфликт е конфликтот во Украина, кој се отвори по отцепувањето на Крим минатата година.

Чести се обвинувањата за кршење на човековите права во ваквите оружени судири, вклучително и за актерите од маѓународните улесници.

Многумина беа обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во вооружените конфликти во Демократска Република Конго, Судан (Дарфур) и Уганда. Истото важи и за конфликтите во поранешна Југославија, Руанда и Сиера Леоне.

Во декември 2006 година, огромно мнозинство на држави гласаше во Генералното собрание на ОН да се разгледа прашањето за универзален и правно обврзувачки договор за трговија со оружје, со што треба да се направи чекор кон зголемување на одговорноста кон вооружувањето и трговијата со оружје.

„ Можеби живеемe во најмирната ера од нашето постоење“, Стивен Пинкер, професор од универзитетот Харвард во 2011година.

„Денешниов свет стaна поопасен отколку што некогаш бил“, Мартин Демпци, претседател на Заедницата началници на Генералштабот на САД, изјава за „Хјуман Рајтс Воч“ (Human Rights Watch“)

Овие две изјави можеби најјасно го покажуваат јазот помеѓу убедувањата за состојбата со војните во светот, стои на сајтот на „Human rights watch„. Оваа организација во своите извештаи за воените конфликти во светот констатира пад на оружените конфликти во како и човечките жртви во новонастанатите конфликти од завршетокот на Втората Светска Војна до денес. И покрај академските анализи кои укажуваат на намалување на воените конфликти низ светот, а како нови пострашни непријатели ги именуваат организираниот криминал и тероризмот и радикалниот ислам, сепак секојдневно сме сведоци на крвави настани во голем број на региони во светот.