![акција Крводарителска акција во општина Кисела Вода](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/akcija.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес беа дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 46 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно.
![Крводарителска акција во општина Кисела Вода](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/akcija1-640x400.jpg?resize=640%2C400)
Најмладиот дарител на денешната акција која се одржа под мотото „Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 20 години, а највозрасниот 65. Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.