Крводарителска акција за поддршка на притворените за настаните од 27 ми април во „Даре Џамбаз“

Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ја иницираше и организираше денешната крводарителска акција во знак на поддршка за притворените патриоти, меѓу нив се и др. Сашо Василевски и др. Љубен Арнаудов кои се наши колеги и членови во нашата комисија, истакна Дафина Стојаноска.

„Поддршката ја даваме за сите притворени и сметаме дека е ова уште еден обид на владата предводена од Зоран Заев на овој начин да ги прикрие своите неспособности за носење на живот и реформи во Македонија. Конкретен пример е и токму министерството за здравство кое веќе 4 месеци е без назначен министер. Наместо конечно да се зафатат со реализација на проект, тие притвораат лекари, притвораат уметници, притвораат патриоти, рече Стојаноск

 

Додаде дека денешната акција ќе трае до 17 часот и користам прилика да ги повикам сите кои што  се чувствуваат за способни и кои што сакаат и можат на овој начин да ја искажат својата поддршка за притворените да дојдат денес до 17 часот во простотиите на Даре Џамбаз“.