ВИДЕО| „Крвта е на вашите раце“ -Гледачите во Русија во шок-вознемирувачка порака ненадејно се појави на ТВ

Гледачите во Русија, кои денеска ја следеа парадата на победата во Москва преку нивните телевизори, беа изненадени од пораката што ненадејно се појави на програмата. На тв-апаратите се појавија антивоени пораки, откако некој ги хакнал сите големи ТВ компании, како што се Првиот канал, Росија-1 и НТВ-Плус, пишува Би-Би-Си.

Името на секоја емисија што беше на програмата беше сменето на ТВ распоредот, а наместо името на емисијата пишуваше: „Крвта на илјадници Украинци и стотици нивни убиени деца е на вашите раце. ТВ и властите лажат. Кажете НЕ на војната“.
Ова на Твитер го објави Френсис Скар, новинар на Би-Би-Си кој ја следи руската државна телевизија. Засега не се знае за што станува збор и е одговорен за веројатното хакирање.