Кси имаше шанса да го поттикне Путин на смирување на тензиите со Украина, коментираа од САД

Средбата на кинескиот претседател Кси Џинпинг и неговиот руски колега по должност Владимир Путин требаше да биде можност за Кина да ја поттикне Русија на намалување на тензиите со Украина, изјави во петокот главниот дипломат на американскиот Стејт департмент за источна Азија, Даниел Критенбринк.

„Таквиот пристап е она што светот го очекува од одговорните сили“, изјави Критенбринк за новинарите осврнувајќи се на средбата на кинескиот и рускиот претседател на кој го потврдија силното стратешко партнерство на двете земји.

Русија и Кина, имено, во соопштението од петокот го повикаа НАТО да го запре ширењето кон исток односно кон руските граници, а Москва истакан дека го поддржува ставот на Пекинг околу Тајван и оти се противи на независноста на островот кој кинеската власт го смета за одментата покраина, во која и да е форма. Заедничкото соопштение, кое вклучува жестока критика на САД, објавена беше во текот на посетата на руискиот претседател Владимир Путин на Кина по повод свеченото отворање на Зимските олимписки игри.

Критенбринк изјави дека средбата на Путин и Кси и заедничкото соопштение го одразуваат пристапот кој Кина и Русија го имаат веќе извесно време, односно „дека се приближуваат“.

„Средбата требаше да биде можност Кина да ја охрабри Русија да продолжи со дипломатијата и деескалација во Украина. Ако Русија дополнително ја нападне Украина, а Кина ја сврти главата на другата страна, тоа сугерира дека Кина има намера да ги толерира или премолчено да ги поддржи напорите на Русија да ја притисне Украина, дури и кога го срамоти Пекинг, ѝ штети на сигурноста на Европа и ги ризикува глобалниот мир и економската стабилност“, тврдеше Критенбринк.

Русија, еден од најголемите светски производители на нафта и гас, во петокот го зајакна партнерството со Кина, најголемиот светски увозник на енергенси, во текот на тензиите меѓу Москва и Западот поради ситуацијата околу Украина.

САД одлучи дипломатски да ги бојкотира Зимските олимписки игри и влијаеја тоа да го сторат повеќе нивни западни сојузници, во знак на протест, како што наведуваат, за наводното „кинеско продолжување на спроведувањето на геноцидот“ против Ујгурите, туркофона исламска малцинска заедница.

Во четвртокот американскиот Стејт департмент ја предупреди Русија дека потесните односи со Кина нема да ѝ ги надоместат последиците со коишто ќе се соочела доколку извед инвазија врз Украина, што Москва го отфрла како можност, како и дека кинеските компании ќе се соочат со последици ако се обидат да ги избегнат извозните санкции кои би биле наметнати против Русија.