Политиката на санкции е бумеранг и стап со два краја. Нејзината примена на крајот ќе и наштети и на светската заедница и на оние кои ги наметнуваат. Ова го изјави кинескиот претседател Кси Џинпинг за време на бизнис форумот на земјите-членки на БРИКС.
– Реалноста повторно покажува дека санкциите се како бумеранг и стап со два краја. Политизацијата на светската економија, нејзината трансформација во инструмент и оружје, употребата на доминантна позиција во светскиот финансиски систем за произволно воведување санкции, на крајот и штети не само на светската заедница, туку и на оние што ги иницираат“, рече Кси Џинпинг.
Кинескиот лидер додаде дека сега некои важни синџири на производство и синџири на снабдување се вештачки нарушени, глобалната инфлација расте, а меѓународниот финансиски пазар продолжува да флуктуира, слабеејќи ја глобалната економија.
„Сè позагрижувачки е што глобалната економија може да падне во мочуриштето на кризата“, рече Си Џинпинг, додавајќи дека е поважно од кога било да се води „одговорна економска политика за да се избегнат негативните влијанија врз земјите во развој“.
Тој ги повика земјите од БРИКС да ја зајакнат соработката на полето на производството на храна и енергијата, потсетувајќи дека околу 1,2 милијарди луѓе во 70 земји се соочиле со епидемија, прехранбена, енергетска и должничка криза.
Претседателот на Кина, исто така, посочи дека кризата во Украина покажа дека проширувањето на воените блокови неминовно води до несигурност кога станува збор за безбедноста.
– Историјата ни покажува дека хегемонијата, политиката на формирање блокови, како и спротивставувањето на логорите не носат мир и безбедност, туку не водат кон војни и конфликти – нагласи Кси Џинпинг.