Кси Џинпинг: Кинескиот проект „Појас и пат“ оди во добар правец

Грандиозниот кинески инфраструктурен проект познат како „Појас и пат“ оди во добар правец и покрај меѓународните тензии и судири, изјави во средата кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Проектот се движи во „добра насока нанапред“, рече Кси во Пекинг отоврајќи ја третата конференција „Појас и пат“. Додаде дека земјите во развој имаат полза од проектот започнат пред десет години. „Во светот се случуваат историски промени“, истакна кинескиот претседател.

Меѓу челниците од повеќе од 140 земји од светот, посебно внимание привлекува присуството на рускиот претседател Владимир Путин кој во Пекинг допатува во вторникот.

Кси во средата ги критикуваше САД и западните европски земји кои не учествуваат во проектот, а некои од нив, како на пример Италија, се повлекоа од него, но ѝ воведоа санкции на Кина или го проблематизираат квалитетот на кинеските производи.

Кина нема да учествува во идеолошките судири, геополитичките игри и судири преку блоковските политики, порача Кси.

Путин, кој се обрати по Кси и во текот на чиј говор некои западни претставници ја напуштија салата, го пофали „Појас и пат“ велејќи дека учеството на Русија придонело за изнаоѓањето заеднички решенија на клучните регионални прашања.

Преку проектот „Појас и пат“, понекогаш нарекуван и според историскиот „Патот на свилаа“, Кина вложила милијарди долари во инфраструктурата и заеми за бројни држави од ткн глобален Југ, централна Азија, но и делови во Европа. Европската унија се противи на ширењето на проектот во периферните европски и југосточни земји, иако Кина веќе направи огромни аквизиици на поморска и копнена инфраструктура во западните членки.

Западните критичари нанјмногу ги критикуваат евтините заеми од кинеските банки, предупредуваат дека некои земји „стануваат премногу зависни од Пекинг“.