Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на двојно зголемување на напорите, поцврста волја и порешителни мерки за ограничување на ширењето на новата коронавирусна пневмонија, пренесе „Радио Кина”.
Од појавата на епидемијата ова е трет пат како кинескиот лидер зборува за превенцијата и контролата на заразата.
Пред ова, тој претседаваше со две седници на Постојаниот комитет на Политбирото на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, на кои упати важни насоки. Кси го слушна извештајот на Раководната група на ЦК на ККП за борбата со епидемијата во Хубеи и извештајот за соодветната работа во Пекинг.
Неговиот говор ја покажува загриженоста за народот и неговата одговорност кон нацијата, ги поставува основите и целите за следните чекори во борбата со епидемијата и внесува нова сила за кинеското општество за справување со заразата, пренесе „Радио Кина“.
Превенцијата и контролата на епидемијата е тешка борба за заштита на животот и здравјето на луѓето.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутериш, изјави дека Кина вложува огромни напори за ограничување на епидемијата и спречување на нејзиното ширење, што е забележително.
За време на критичниот период Кси Џинпинг направи инспекција во Пекинг и донесе одлука за преземање на поактивни мерки против коронавирусот, што се најновите напори што Кина ги презема за заштитата на здравјето и безбедноста на кинескиот народ и луѓето низ светот.
„Епидемијата е демон и ние не можеме да го оставиме демонот да се крие, кажа Кси.”