Кинескиот претседател Кси Џинпинг му предложил на францускиот претседател Емануел Макрон да разработи свој план за мирно решавање на конфликтот во Украина, го цитира во петокот кинеската државна телевизија CCTV соопштението од кабинетот на кинескиот челник.
„Франција може да поднесе свој конкретен план за решавање на украинската криза, кинеската страна е подготвена да го поддржи и да одигра конструктивна улога“, се истакнува во соопштението.
Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен допатуваа во Пекинг во средата на средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг. Покрај обидите да се подобрат односите со Кина, особено во областа на трговијата, Париз и Брисел ги фаворизираа изјави на европските челници во врска со војната во Украина.
Според нив Макрон и фон дер Лејен ја повикале Кина „да ја вразуми“ Русија во врска со војната во Украина и побарале помош, но истовремено го предупредиле „на последици“ Пекинг додека воено ја поддржи Москва во конфликтот.
Нејасно е како Макрон смета на почеток на мировни преговори меѓу Москва и Киве, кога украинскиот претседател Володомир Зеленски под сугестија на Лондон и Вашингтон донесе закон со кој се забрануваат преговори додека Русија ја води претседателот Владимир Путин. Покрај тоа, безброј пати досега челниците на САД, ЕУ и НАТО истакнуваат дека сега не е моментот Киев да преговара со Москва и дека тоа треба да следува по воената победа на Украина.
Претходно во февруари Кина предложи мировен план од 12 точки за украинската криза, повикувајќи ги двете страни да се согласат на постепена деескалација што ќе доведе до сеопфатен прекин на огнот. Меѓутоа колективниот Запад (САД и ЕУ) го отфрлија планот наводно поради одбивањето на Кина да ја осуди Русија, а САД и НАТО тогаш рекоа дека Кина размислува да испрати оружје во Русија, тврдењата што Пекинг ги негираше.