Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави денеска дека Хонг Конг оваа година се соочи со најмрачниот и најсложениот период, откако поранешната британска колонија и е вратена на Кина.
Тој ја поздрави лидерката на Хонг Конг, Кери Лам што се придржува кон принципот „една земја, два система“ и за храброста во текот на „вонредниот период“ за Хонг Конг.
Претходно, Лам оствари средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг.
Хонгконг и е вратен на Кина во 1997 година по принципот „една земја, два система“, кој овозможува поголеми демократски права од оние кои постојат во Кина.
Од јуни во Хонг Конг се одржуваат протести кои почнаа поради законот за екстрадиција, а демонстрантите ги проширија барањата и на демократски реформи.