![Ksi Putin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/Ksi-Putin.webp?resize=696%2C458&ssl=1)
Кинескиот претседател Кси Џинпинг му рече на својот руски колега Владимир Путин во вторникот дека меѓународната ситуација е во хаос, како и дека стратешкото партнерство меѓу Пекинг и Москва е сила на стабилност во време на најзначајните промени забележани во еден век.
Во мај годинава Кси и Путин ветија „нова ера“ на партнерство меѓу двата најголеми геоплотички и економски ривали на Соединетите држави, кои тие ги опишаа како агресивна сила којашто и по завршувањето на Студената војна и којашто предизвикува хаос низ целиот свет.
![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/Ksi-Putin-01.webp?resize=640%2C392&ssl=1)
„Во моментов, светот минува низ невидени промени во последните сто години, меѓународната ситуација е испреплетена со хаос“, му рече Кси на Путин во рускиот град Казан на отворањето на самитот БРИКС, група која ги обединува Кина и Русија, Бразил, Индија и Јужноафриканската Република, а се очекува нејзино проширувања со други земји од сите континенти.
„Јас цврсто верувам дека пријателството меѓу Кина и Русија ќе продолжи со генерации и дека одговорноста на овие големи земји кон нивните граѓани нема да се промени“, порача Кси.
Русија, која води војна против украинските сили поддржани од западните земји предводени од САД, и Кина, чија растечка воена и економска моќ вложува големи напори да ѝ се спротивстави на американската, сè повеќе наоѓаат заедничка геополитичка цел.
САД ја сметаат Кина за најголем конкурент, а Русија за најголема државна закана. Претседателот Џо Бајден рече дека „демократиите се оспорени од автократии како Кина и Русија“.
Путин го нарече Кси „драг пријател“ и рече дека партнерството со Кина е сила за стабилност во светот.
„Руско-кинеската соработка во светските прашања е еден од главните стабилизирачки фактори на светската сцена“, рече Путин. „Имаме намера дополнително да ја зајакнеме координацијата на сите мултилатерални платформи за да обезбедиме глобална безбедност и праведен светски поредок“, доде рускиот претседател.
„Привилегирано партнерство“
Путин претходно во Казан во вторникот се состана и со индискиот премиер Нарендра Моди, со кого претходно се сретна и во јули. Тогаш разговараа за билатерални прашања и, се разбира, за војната во Украина, а овие теми беа во центарот на вниманието и сега.
![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/Modi-Putin.webp?resize=640%2C401&ssl=1)
„Руско-индиските односи имаат карактер на особено привилегирано стратешко партнерство и продолжуваат активно да се развиваат“, нагласи Путин. „Зајакнува соработката меѓу законодавните тела и на министерско ниво. Трговскиот промет расте, големи проекти се реализираат, дипломатските врски се прошируваат: Индија одлучи да отвори генерален конзулат во Казан“, додаде рускиот претседател.
„Ние сме во редовен контакт во врска со тековниот конфликт меѓу Русија и Украина. Како што реков претходно, ние веруваме дека проблемите треба да се решат преку мирни средства Во сите наши напори, приоритет ни е хуманоста и сме подготвени да пружиме секаква помош што можеме“, рече меѓу другото Моди.