Кси порача дека Кина нема намера да води војни

Пекинг нема намера да води „ниту судена, ниту жешка војна со ниту една земја“, порача кинескиот претседател Кси Џиннпинг во вторникот во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации.

„Ќе продолжиме да ги намалуваме разликите и да ги решаваме споровите со другите преку дијалог и преговори. Нема да одиме на патот да работиме на сопствената штета“, изјави Кси во сниментото обраќање на годишниот самит на светските челници кое по инсистирање на ОН се одржува виртуелно под изговор за пандемијата од коронавирусот.

Долготрајните тензии меѓу САД и Кина ескалираа во време на пандемијата, откако Вашингтон го обвини Пекинг дека наводно намерно или ненамерно ја предизвикал појавата на коронавирусот. Американската администрација ја обвинува Кина, меѓу другото, дека не била доволно транспарентна при пријавата на епидемијата, и оти наводно со тоа овозможила ширење на вирусот во светот.

Кси, меѓутоа, во својот говор се заложи дека светот треба голбално да одговори на вируот и на Светската здравствена организација, која САД ја обвинија дека станала „марионета“ на Пекинг, да ѝ го препушти управувањето со пандемијата. Вашингтон најави истапување од СЗО, што значи ускратување на стоцици милијарди долари во касата на организацијата.

„Во соочувањето со вирусот мораме да ја зајакнеме солидарноста и низ тоа да мимене заедно. Мораме да дозволиме да нѐ води наукатата и водечката улога да ја има СЗО. Мора да се отфрлат сиде обиди за политизирање на ова прашање или стигматизација“, рече Кси.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереше, претходно во вторникот во обраќањето на Генералното собрание на ОН, рече дека мора да се стори сѐ за да се избегне нова „Студена војна“.

„Светот оди во многу опасна насока. Нашиот свет веќе не може да си дозволи иднина во коај двете најголеми економии ќе ја поделат Земјата. Технолошката и економската подлба неизбежно се заканува да прерасне во геостратешка и воена поделба“, рече Гутереш.