Кинескиот претседател Кси Џинпинг има намера следната година да ја посети Северна Кореја, откако добил покана од северниокорејскиот челник Ким Џонг-ун, објавено е во саботата во Јуќнма Кореја.
Тоа би било првата посета на еден кинески претседател на регионалниот традиционален сојузник од 2005 година, кога во Пјонгјанг престокуваше Ху Џинтао. Кси во 2008 година престојуваше во Северна Кореја во својтво на потпрестесател.
За планираната посета кинескиот претседател го информирал јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин на билатералната средбна на маргините на самитот на APEC (Азиско-пацифичката економска соработка), кој се одржува на Папуа Нова Гвинеја, кога Кси рекол дека „ќе најде време“ следната година да ја посети Северна Кореја.
Додал дека Кина же продолжи да игра конструктивна улога во градењето на мирот на Корејскиот полуосторв, соопштил портпаролот на кабинетот на јужнокорејскиот претседател на брифигингот за новинарите по средбата меѓу Кси и Мун.