Кинескиот претседател Kси Џинпинг по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е „челичен пријател“ на Кина и дека билатералните односи издржале промени во меѓународниот пејзаж во последните години и се пример за тоа како пријателските односи на Кина со европските земји треба да изгледа.
Тој нагласи дека Кина цврсто ја поддржува Србија во зачувувањето на националниот суверенитет и територијалниот интегритет и дека е подготвена да продолжи да ја зајакнува стратешката синергија со Србија со цел традиционалното пријателство на двете земји да го претвори во повеќе плодови на практична соработка, пренесе агенцијата Ксинхуа.
„Билатералната соработка во области како што се инфраструктурата и производствените капацитети дадоа плодни резултати, а квалитетот и ефикасноста на практичната соработка континуирано се подобруваат“, рече Кси по средбата со Вучиќ во Пекинг, на третиот Форум за Меѓународна соработка „Појас и пат“